Финале во двојки и сингл полуфинале за Амар Хусеиновиќ во Кенија
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2025/02/476313559_608175462077672_1479019075752170961_n.gif)
Младиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ забележа солидни резултати на уште еден турнир на ИТФ во младинска категорија во Најроби, Кенија. На турнир од категоријата Ј60 Хусеиновиќ во сингл конкуренција беше полуфиналист, а во конкуренција на двојки со Урош Живковиќ од Србија играа во финалето.
Во полуфиналето во поединечна конкуренција Амар Хусеиновиќ (носител број 4) загуби од првиот носител Нтунгамили Рагуин од Боцвана со 2-0 во сетови (6-3, 6-2). Рагуин воедно е и победник на турнирот. Во првото коло македонскиот тенисер беше слободен, а остваи и две победи во втората рунда против Едвард Верес Бергстен од Шведска со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) и Аирик Абединзадех од Иран со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).
Во конкуренција на двојки Хусеиновиќ со Живковиќ, како втори носители го загубија финалето од првите носители Дан Бренд и Гуи Левинер од Израел со 2-0 во сетови (6-3, 6-2).
Амар Хусеиновиќ претходната недела имаше успешен настап на Ј30 турнир во Најроби кога победи во двете конкуренции (сингл и двојки), а следнава недела ќе биде учесник и на најсилниот од овие турнири во Кенија што почнува утре и е од рангот Ј100.