Финска и Данска пријавија ковид-позитивни фанови по враќањето од шампионатот
Данска пријави 16 позитивни тестови за корона-вирус на нејзините навивачи кои присуствуваа на последниот натпревар во рамките на групната фаза на Евро 2020 против Русија во Копенхаген, вклучувајќи четири со варијантата Делта.
Вчера беше потврдено дека и неколку фински навивачи имале позитивен тест по враќањето од Русија по последниот натпревар од групната фаза на Евро 2020 против Белгија. Медиумите во Финска објавија дека досега кај 86 лица е дијагностициран ковид-19.
Илјадници фински навивачи отпатуваа за Санкт Петерсбург за да го бодрат нивниот состав против Белгија. Од нив најмалку 800 на враќањето дома ја преминаа границата без да бидат тестирани за ковид-19. Затоа финските власти очекуваат да има повеќе позитивни случаи.