Фиорентина бара 80 милиони евра за Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ оваа сезона прикажува фантастични настапи во дресот на Фиорентина. Влаховиќ оваа сезона успеа да се избори за место во стартниот тим, a својата шанса и тоа како знаеше да ја искористи. Овој 21 годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 37 натпревари и постигна 21 гол во сите натпреварувања со што го привлече вниманието на себе на повеќе европски клубови. Во Фиорентина се свесни дека тешко ќе го задржат Влаховиќ во своите редови и сакаат да извлечат што е можно повеќе пари за неговиот трансфер. „Газета“ денес објави дека челниците на Фиорентина одредиле цена за овој 21 годишен напаѓач и дека Влаховиќ може да го напушти клубот ако некој за него плати 80 милиони евра.