Фиорентина го договори трансферот на Џеко

Напаѓачот Един Џеко постигна усмен договор со италијанската Фиорентина и ќе потпише едногодишен договор, објавија италијанските медиуми.
Болоња беше другиот тим кој беше во трка за потписот на босанскиот фудбалер, но се чини дека понудата на „виолетовите“ беше подобра. Според неофицијалните информации за договор од една година Џеко ќе добие нето плата од 1,5 милиони евра.
Во последните две години, Џеко играше за турскиот тим Фенербахче, но неговиот договор истекува и тој ќе биде слободен агент на крајот од месецот.
Во сезоната 2024/2025, Џеко одигра 35 натпревари во турското првенство, постигнувајќи 14 гола и четири асистенции. Фудбалерот исто така настапуваше за Волфсбург, Рома, Интер и Манчестер Сити.