Фиорентина го претстави Криштоф Пјонтек

Иако се најавуваше негово враќање во Џенова, Криштоф Пјонтек се реши да се врати во Италија, но во дресот на Фиорентина.

Пјонтек во редовите на Фиорентина пристигна на позајмица, а клубот од Фиренца ќе има опција да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра на крајот од сезоната. Доаѓањето на Пјонтек можеби е најава за заминување на Душан Влаховиќ кој е мета на голем број европски гиганти.

Пред неколку дена се најавуваше дека Пјонтек ќе се врати во Италија, но во „неговата“ Џенова каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата сепак тоа не се случи. Пјонтек во  Џенова на 21 натпревар постигна 19 гола по што следуваше трансфер ов Милан за 35 милиони евра.