Фиорентина му нуди тригодишен договор на Сари

Маурицио Сари има шанса да ја предводи Фиорентина. Италијанскиот тренер и клубот воделе преговори, при што Сари добил понуда за тригодишен договор. Маурицио Сари има време да размисли пред крајот на сезоната. Исто така е потврдено дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат.
Во моментов екипата на Фиорентина е предводена од Чезаре Прандели. Тој се врати во тимот во 2020 година, претходно работеше во клубот од 2005 до 2010 година. Фиорентина има освоено 25 поени по 23 одиграни кола во италијанската Серија А и се наоѓа на 14-тото место на табелата. Заостанува зад лидерот Интер со цели 28 поени.
Маурицио Сари има добро искуство во работа со клубови од Италија, бил на чело на Јувентус, Наполи, Емполи и неколку други италијански клубови.