Фирмињо, Кеита, Милнер и Окслејд-Чембрлејн го напуштаат Ливерпул
Фудбалерите Роберто Фирмињо (31), Наби Кеита (28), Џејмс Милнер (37) и Алекс Окслејд-Чембрлејн (29) ќе го напуштат Ливерпул по истекувањето на нивните договори на крајот на сезоната, соопштуваат од премиерлигашот, додека клубот подготвува терен за реконструкција на екипата за идната сезона.
Четворицата играчи беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и му помогнаа на клубот да ја освои својата прва титула во англиската Премиер лига по 30 години во сезоната 2019/20.
„Сите четворица играчи ќе заминат со наша благодарност за придонесот што го дадоа. На Роберто, Наби, Џејмс, Алекс и нивните семејства им посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Ливерпул.