ФИФА го истражува трансферот на Анчелоти во Бразил

ФИФА започна истрага за назначувањето на Карло Анчелоти во репрезентацијата на Бразил.
Бразилската фудбалска федерација веќе доби официјално писмо за почеток на истрага.
Меѓународната фудбалска федерација смета дека правилата што ги регулираат активностите на фудбалските агенти можеби биле прекршени за време на процесот на склучување договор со италијанскиот специјалист.
Беше објавено дека претставникот на тренерот Диего Фернандез ќе добие провизија во износ од 1,2 милиони евра.
„Се чини дека Диего Фернандез, кој моментално нема лиценца за агент, им пружил услуги на фудбалски агент на Бразилската фудбалска федерација и на тренерот Карло Анчелоти за време на неговиот трансфер од Реал Мадрид во бразилската репрезентација“, се вели во писмото.
ФИФА побара од CBF (Бразилската фудбалска федерација) целосна документација за преговорите и исплатите во кои бил вклучен Фернандез, сите документи потпишани со негово име, како и за тоа каков е ставот на федерацијата по ова прашање.
„ЦБФ известува дека условите околу преговорите за вработување на Карло Анчелоти содржат клаузули за доверливост и се изготвени од страна на поранешното раководство на организацијата. Сегашната администрација спроведува интерен преглед на ситуацијата“, се вели во соопштението на федерацијата.
Самиот Фернандез рече дека дејствувал како консултант при склучувањето на договорот.