ФИФА го продолжи преодниот рок во Турција заради земјотресот
ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција за продолжување на преодниот рок во земјата поради катастрофата од земјотресот. Вчера требаше да се затвори преодниот рок на Турција, но Фудбалскиот сојуз на земјата во понеделникот поднесе барање до ФИФА за продолжување на истиот поради катастрофата од земјотресот која ги зафати Турција и Сирија.
ФИФА го прифати барањето, откако Фудбалскиот сојуз на Турција истакна дека земјата е во национална жалост и дека во 10 провинции има вонредна состојба.
Сега преодниот рок во Турција ќе се затвори дури на 18 февруари.