ФИФА го проширува ВАР-протоколот

Судиите во ВАР собата ќе добијат поголемите надлежности на натпреварите на Светското фудбалско првенство 2026 година.
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе ги овласти судиите кои ја користат видеотехнологијата да интервенираат и при погрешно досудени корнери, како и при доделувањето на втор жолт картон.
Претставниците на ФИФА сакаат судиските одлуки на Светското првенство да бидат што е можно попрецизни.
Инаку, на тековниот Арапски куп се тестира ново правило насочено кон борба против играчите кои се преправаат дека се повредени. На турнирот во Катар, играч кој добива медицинска помош поради повреда мора да го напушти теренот две минути, освен ако фудбалерот што сторил прекршокот против него не добил жолт или црвен картон.