ФИФА негира дека ќе биде имплементиран син картон

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е против идејата да се воведе син картон со кој фудбалерите би биле исклучени на одредено време.
Инфантино на 138-то годишно собрание на ФИФА во Шкотска кажа дека не планира да се воведе правило како во ракометот и ватерполото.
„Нема да има син картон на елитно ниво. Тоа е прашање кое за нас не е на дневен ред. Не бев запознаен со овој проблем, јас сум претседател на ФИФА и мислам дека не ни треба таков картон“, кажа Инфантино.