ФИФА отвори постапка против Хрватската фудбалска федерација
Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) отвори истрага
против Хрватскиот фудбалски сојуз за случувањата на
натпреварот за трето место на Светското првенство против
Мароко, пренесува Агенцијата Франс Прес (АФП).
АФП наведува дека ФИФА отворила постапка поради можно
кршење на членовите 13 и 16 поради дисциплинскиот кодекс, а
тие се однесуваат на дискриминација, односно ред и сигурност на
натпреварите.
ФИФА во своето официјално соопштение не наведува детали за
постапката, но се споменува видео снимка која се појавила на
дрштвените каде што хрватските фудбалери го слават третото
место со песни со националистичка содржина. Еден од играчите
кои се појавува на видео снимката е Дејан Ловрен кој за АФП
изјави дека станува збор за песни со кои искажуваат љубов кон
својата татковина и не навредуваат никого.