ФИФА планира да го одложи Светското клупско првенство
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) планира да го одложи Светското клупско првенство за почетокот на следната година поради предизвиците со кои се соочува поради пандемијата со Ковид 19.
Ограничувањата поврзани со пандемијата ја принудија Јапонија да се откаже од одржувањето на организацијата на првенството кое требаше да се одржи во декември. Веднаш по откажувањето од страна на Јапонија, истото го направи и Јужна Африка.
ФИФА сега размислува за Светското клупско првенство да се одржи во јануари или февруари следната година.
Една од опциите за организатор е Катар, кој беше домаќин на Светското клупско првенство во февруари оваа година кога победник беше екипата на Баерн Минхен.