ФИФА ја отфрли жалбата на Чиле

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, ја одби жалбата на Чиле, во која федерацијата на оваа земја бараше да учествува на претстојниот Мундијал во Катар, на местото од Еквадор.

ФИФА го отфрли аргументот на Чиле дека играчот на Еквадор Бајрон Кастиљо е роден во Колумбија и дека немал право на настап за Еквадор на натпреварите од квалификациите на СП.

ФИФА во соопштението вели дека на основа на доставените документи, жалбените судии на федерацијата сметаат дека играчот Бајрон Кастиљо има трајно државјанство на Еквадор и дека целата процедура е во склад со правните статути на таа земја.

Со оваа одлука се потврдува учеството на Еквадор на СП во Катар каде ќе игра во групата А заедно со Катар, Холандија и Сенегал.