ФИФА ќе воведе спектакл на полувремето од Мундијалот во 2026 година

Финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 година на полувремето ќе го има своето прво музичко шоу во историјата, најави денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Светското првенство со 48 репрезентации, чии домаќини се САД, Канада и Мексико, ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година. На турнирот ќе бидат одиграни 104 натпревари наместо 64 натпревари од претходните првенства, вклучително и дополнителна нокаут рунда.

Финалето ќе се игра на стадионот Метлајф во Њу Џерси, домот на НФЛ тимовите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс.

„Можам да потврдам дека прв пат на Светското првенство во Њу Џерси ќе се одржи шоу на полувреме во соработка со Global Citizen“, објави Инфантино на Инстаграм.

ФИФА ќе биде партнер со меѓународната организација за образование и застапување Global Citizen, како и со британскиот бенд Coldplay за настап на полувреме.

Шоуто на полувремето е традиционален елемент на американскиот и канадскиот фудбал. За време на 20-минутната пауза помеѓу втората и третата четвртина, на теренот се прикажува некаков вид на забава.

Најгледаното шоу секоја година се изведува на полувремето на Супер Боул во американската професионална рагби лига. (МИА)

Поврзани теми