ФИФА ќе го одложи баражот меѓу Русија и Полска

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја разгледува опцијата за одложување на бараж натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Катар помеѓу репрезентациите на Русија и Полска кој би се одржал во јуни, објавуваат полските медиуми.

УЕФА и ФИФА претходно донесоа одлука со која ги повлекоа руските клубови и тимови од меѓународните турнири поради ситуацијата со нападот врз Украина, но сега постои шанса репрезентацијата на Рисија сепак да настапи на баражот за СП во Катар. 

Натпреварот првично беше закажан за 24 март во Москва, но полскиот фудбалски сојуз очекува конечен одговор од ФИФА во вторник.