ФИФА ќе заработува и од колекционерските сувенири

ФИФА пушти во продажба необичен колекционерски сувенир за љубителите на фудбалот. Станува збор за оригинални парчиња од тревникот на стадионот „МетЛајф“, каде на 19 јули ќе се одигра финалето на Светското првенство 2026.

Секој примерок чини 450 долари и е сместен во проѕирен акрилен блок. Купувачите ќе добијат и УСБ со видео кое ја потврдува автентичноста на тревата, како доказ дека навистина потекнува од теренот на финалниот натпревар. Од ФИФА наведуваат дека станува збор за уникатен колекционерски предмет со кој навивачите ќе можат да поседуваат дел од историјата на Светските првенства.

Испораката ќе започне по одигрувањето на финалето, а засега производот може да се нарача само во Европа и Соединетите Американски Држави.

Овој потег доаѓа во период кога ФИФА се соочува со критики поради високите цени на билетите за финалето, кои официјално достигнуваат и до 30.000 долари.