Фишер го собори светскиот рекорд на 3.000 метри во сала

Американскиот атлетичар Грант Фишер испиша историја на „Millrose Games“ во САД.

Фишер го собори светскиот рекорд во трката на 3.000 метри во сала со време од 7:22.91. Со тој подвиг го собори рекордот на Ламеча Гирма од Етиопија (7:23.81).

Второпласираниот Кол Кукер истрча неверојатни 7:23.14, исто така побрзо од претходниот рекорд.

Третото место му припадна на Џими Гресие од Франција со 7:30.18, поставувајќи нов национален рекорд.

Каи Робинсон го собори австралискиот рекорд со време од 7:30.38.