ФК Пелистер и официјално е второлигаш
Фудбалскиот клуб Пелистер, после поразот од екипата на Шкупи, од идната сезона ќе се натпреварува во втората македонска фудбалска лига.
„Зелено-белите“ се заковани на табелата со освоени 10 бодови. Тие остварија само една победа и седум нерешени дуели. Имаат 16 бода помалку од ФК Скопје, кој ќе игра бараж за опстанок во лигата.