Фламенго го сака Серхио Рамос
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос, кој е во статус на слободен играч, може да ја продолжи кариерата во Фламенго.
Бразилскиот клуб веќе стапил во контакт со играчот и е подготвен да му достави официјална понуда. Ова го објавија дел од медиумите во Бразил. Рамос играше за ПСЖ во изминатите две сезони, постигнувајќи шест гола и асистенција на 58 натпревари. Со францускиот тим дефанзивецот има освоено три трофеи.
Од 2005 до 2021 година Серхио Рамос играше за Реал Мадрид, откако претходно настапуваше за Севиља.
Како дел од шпанската репрезентација Рамос го освои Светското првенство и две Европски првенства.