Фламенго е новиот клуб на Давид Луиз

Бразилскиот тим Фламенго на својата официјална веб-страница објави за склучувањето на договор со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз. Договорот на 34-годишниот фудбалер со бразилскиот клуб важи до декември 2022 година.

Луис се пресели во Фламенго како слободен играч откако го напушти лондонски Арсенал. Дефанзивецот имаше 30 настапи за „топџиите“ минатата сезона и постигна два гола. Лондонскиот клуб не му понуди нов договор на играчот.

Покрај Арсенал, Луис играше за Челзи, ПСЖ, Бенфика и бразилска Виторија. Во јули беше објавено дека за играчот е заинтересиран турскиот клуб Адана Демирспор, а во јуни, покрај Бенфика, Луис беше нтересен и за Олимпик Марсеј и Интер Мајами.