Флик: Мојата Барса треба да учи од ПСЖ

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (2-1) од ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите.
„ПСЖ имаат брзина и класа. Откако го подобрија своето ниво, ја заслужија победата. Имавме многу натпревари во последните недели, па в петок ќе направиме состанок и ќе разговараме за нив. 100 проценти сум уверен дека играме на нивото на ПСЖ, но треба да го правиме тоа во текот на сите 90 минути. Целиот тим треба да работи напорно, да се брани, да ги користи шансите, да учествува во поседот… Сите видоа дека во ПСЖ, секој ја сака топката, знае како да го искористи просторот на теренот и знае како да игра еден на еден. Треба да учиме од нив“, изјави Флик за сајтот на УЕФА.
ПСЖ е на третото место на табелата со шест бода, Барселона е 16-та со три бода.
Во третото коло, парискиот тим ќе игра против Баер Леверкузен, додека Каталонците ќе се соочат со Олимпијакос. И двата натпревари ќе се одржат на 21 октомври.