Флик на 10 ноември ќе го соопшти мундијалскиот список
Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханси Флик, на 10 ноември ќе го објави составот за Светското првенство во Катар, соопшти Германскиот фудбалски сојуз.
Селекторот може да одреди до 26 играчи за турнирот закажан од 20 ноември до 18 декември. На проширен список кој до петок треба да се достави до ФИФА, може да се пријават и до 55 играчи. Тие што ќе добијат повик треба да се соберат во Франкфурт на 13 ноември.
Наредниот ден „панцирите“ ќе летаат за Оман а четири дена подоцна ќе заминат во Катар. Првиот натпревар на Германија на Светското првенство е на 23 ноември против Јапонија.