Флик не го сака Дани Олмо во Барселона
Дани Олмо беше приоритет на Барселона и се очекуваше во летниот преоден рок каталонскиот гигант да тргне по играчот кој созреал во својата фудбалска школа. Со заминувањето на Чави од тренерската функција и доаѓањето на Ханси Флик, никој повеќе не го спомнува Олмо во Барселона.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Олмо едноставно „исчезна од списокот на играчи кои клубот би сакал да ги доведе“. „Никој од клубот не го контактираше Олмо или неговите претставници, ниту со РБ Лајпциг, клубот со кој е под договор до 30 јуни 2027 година“, се вели во соопштението.
Олмо и клубот ќе донесат одлука за евентуално заминување по Европското првенство. Играчот е свесен дека го следат Баерн и силни клубови од англиската Премиер лига како Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Според Трансфермаркт, вредноста на Олмо е 50 милиони евра, а клубот би бил подготвен да прифати понуди во висина од 50 до 60 милиони евра.
За потсетување, шпанскиот репрезентативен играч за врска пристигна во Лајпциг во јануари 2020 година по трансфер од Динамо вреден 29 милиони евра (според Трансфермаркт), но и со договорна клаузула според која Динамо има право на 20 отсто од профитот на Лајпциг од следниот трансфер. Доколку следниот трансфер на Олмо би изнесувал 60 милиони евра, Динамо би добил дури 12 милиони.