Флик потврди: Треба да ги дефинираме деталите со федерацијата
Ханси Флик ја потврди информацијата дека најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација. Тој тоа ќе го стори откако ќе ја напушти тренерската позиција во Баерн на крајот од оваа сезона. „Јасно е дека разговарав со Германската фудбалска асоцијација. Секој знае како се чувствувам во врска со репрезентацијата. Некои работи сепак треба да се решат. Станува збор за ситници. Доколку се поправат, можеме брзо да ги објавиме вестите. Сега, сепак, фокусот ми е на натпреварот со Аугсбург. Дали имав разочарувања во текот на сезоната? Да, две работи. Испаѓање во Купот на Германија од Холштајн Кил, како и четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Тимот го покажа својот квалитет, но за жал тоа не беше доволно. Беше големо разочарување за сите нас“, рече Флик за време на неговата прес-конференција пред неговиот последен натпревар на клупата на Баерн. Тој беше баран и од Барселона и Тотенхем, но тренерот одлучил да го наследи Јоаким Лев како селектор на Германија по Евро 2020. Неговиот договор ќе биде до 2024 година со годишна плата поголема од 5 милиони евра.