Флик прво сруши позитивни, а сега руши негативни рекорди

Екипата на Барселона синоќа го забележа третиот последователен пораз на домашен терен во Ла Лига.
Избраниците на Ханзи Флик синоќа доживеаја пораз по пресврт против Атлетико Мадрид и загубија со 1-2 и со тоа го загубија првото место на привремената табела во Ла Лига.
Во последните седум натпревари, Барселона забележа една победа, имаше четири порази и две нерешени средби.
Последен пат „Каталонците“ имаа вакви кошмарни показатели пред 16 години под водство на Франк Рајкард.