Флик: Рекордот не ме интересира, ќе продолжиме да играме како и досега

Барселона го декласира Реал во Мадрид, со штоо првакот го доживеа првиот пораз во првенството по повеќе од една година. Минатата сезона во септември загубија од Атлетико и потоа нанижаа 42 натпревари без пораз.

Со оваа победа Барселона го сочува рекордот, генерацијата Меси имаше серија од 43 натпревари без пораз во Примера.

„Како го доживувам овој момент? Овде работите не се вртат околу мене. Не сум важен јас, важен е тимот, важен е клубот и навивачите. Многу сме среќни и сега мислиме на навивачите кои го заслужија ова. Денеска направивме голем исчекор, игравме против клуб кој важи за еден од најдобрите во светот и има врвни играчи. Добро се браневме и тоа беше клучот. Покрај тоа, ги искористивме шансите. Не е лесно да се постигнат четири гола во Мадрид, но ние го направивме тоа.

Мора да продолжиме вака, чекор по чекор. Ќе продолжиме како и досега. Следниот натпревар е против Еспањол. Тимот мора добро да се одмори и потоа ќе се подготвиме за тој натпревар. Што им кажав на играчите на полувремето? Моравме да го промениме начинот на кој притискаме. Имавме подобра контрола на топката во вториот дел. Направивме една промена и му кажав на тимот како да се брани“, рече тренерот на Барселона Ханси Флик и потоа го истакна голманот Ињаки Пења кој да пати му одбрани на Мбапе во ситуација „еден на еден“.

„Многу сум среќен за Ињаки Пења, тој го заслужува ова. Важно е за тимот што не прими гол. Мора да им дадеме поголема самодоверба на играчите, видовме за што се способни. Сега тие слават во соблекувалната и тоа е многу убаво да се види“.