Флорентино Перез позитивен на ковид-19
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се зарази со коронавиру, објавија од Реал Мадрид на официјалната веб-страница.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека нашиот претседател, Флорентино Перез е позитивен на КОВИД-19. Тој нема никакви симптоми“, соопшти прес-службата на клубот.
Перез за првпат ја презеде функцијата претседател на клубот од Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, по двата порази од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал (0-1) и во националниот шампионат со Мајорка (1-2), Перез поднесе оставка.
Втор пат Флорентино Перез беше избран на чело на Реал Мадрид во 2009 година и сè уште е претседател. Реал Мадрид оваа сезона е на третото место на табелата со 40 освоени бода.