Флорентино Перез фрлил око на Гарначо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо и неговите претставници, пренесуваат медиумите на Островот.

 „Дејли Мејл“ пишува дека Перез е подготвен да ја искористи истата тактика која ја применил за ангажман на Кристијано Роналдо.

Гарначо оваа сезона има одлични настапи под водство на тренерот Ерик Тен Хаг и досега постигна седум голови и четири асистенции во 38 настапи сезонава.

Талентираниот Гарначо потпиша за „ѓаволите“ во 2020 година за 420.000 фунти од Атлетико Мадрид, а засега не е познато колку пари е подготвен да плати Реал Мадрид за неговиот потпис.