Флорентино Перез ќе добие нов мандат во Реал Мадрид

Кандидатурата на Флорентино Перез за нов мандат на функцијата претседател на Реал Мадрид е одобрена од надлежната комисија.
Доколку не се појават други кандидати до крајот на денот, Флорентино ќе победи без избори.
Крајниот рок за пријавување за претседател на клубот е до вечер 23:59 часот. Доколку не се појават други кандидати до крајот на денот, Перез ќе победи без избори – а следната недела во вторник официјално ќе биде прогласен за претседател на Реал Мадрид до 2029 година.
Перез е претседател на Реал Мадрид од 2009 година, кога беше единствениот кандидат. Тој исто така немаше противници во 2013, 2017 и 2021 година.