Флорентино продава за да собере пари за Мбапе и Халанд
Според најновите информации, првиот човек на фудбалскит состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да продаде речиси половина тим само за да собере доволно пари за да ги купи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Наводно, Перез има намера во текот на летото да ги стави на трансфер листата: Азар, Винициус, Милитао, Одегард, Иско, Луис Васкез и уште неколку други играчи.
Медиумите шпекулираат дека „кралевите“ сакаат да обезбедат нови играчи и во дефанзивната линија и дека ги планираат Давид Алаба и Камавинга.