Флоренци го чека нова пауза, вторпат го оперираше менискусот

Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, имаше успешна операција на менискусот на левото колено, објави денеска калчо-лигашот.

„Росонерите“ не наведуваат до кога ќе трае процесот на рехабилитација на дефанзивецот иако вообичаениот период е неколку месеци.

Ќе потсетиме дека во изминатиот октомври италијанскиот репрезентативец ја имаше иста операција на истото место.