Флоријан Милер потпиша за Штутгарт

Штутгарт потврди дека потпишал договор на четири години со голманот Флоријан Милер.

Тој доаѓа како замена за Грегор Кобел кој се пресели во Борусија Дортмунд. 23-годишниот Милер во минатата сезона настапи како позајмен во Фрајбург и остави одличен впечаток.

„Развојот на Флоријан Милер во последниве години е навистина импресивен. Неговиот потенцијал, со оглед на неговата младост, неговиот карактер и менталитет, го прави совршено ново засилување”, рече спортскиот директор на Штутгарт, Свен Минзлинтат.