Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2027.година
Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, го продолжи договорот за уште три години, и ќе остане во клубот до 2027.година.
Неговиот претходен договор со Сити беше со важност до 2024.година. Според информациите, англискиот репрезентативец со новиот договор ќе заработува 200 илјади фунти неделно.
22-годишниот Фоден дебитираше за првата екипа во ноември 2017.година и до сега има одиграно 182 натпревари и постигнати 52 гола.
Фоден има забележано и 18 натпревари во дресот на англиската репрезентација со постигнати два гола.