Фоде Бало-Туре е нов фудбалер на Монако

Милан го потврди трансферот на Фоде Бало-Туре кој доаѓа од Монако.
„Росонерите“ за 24-годишниот лев бек платија 4,5 милиони евра и Туре ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.
„Милан со задоволство може да соопшти перманентен ангажман на Фоде Бало-Туре од Монако. Дефанзивецот потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2025 година и ќе го носи дресот со број 5“, стои во соопштението на Милан.
Бало Туре потекнува од школата на ПСЖ, а фудбалската афирмација ја доживеа во Монако каде минатата сезона одигра 30 меча и го привлече вниманието на Милан.