Фонсека во Бенфика ја најде замената за Един Џеко
Ова лето Един Џеко сигурно ќе ја напушти Рома. „Волчицата“ веќе бара замена за 35-годишниот напаѓач, а прва мета е ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес. 21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Рома сигурно ќе треба да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.