Фонсека и официјално тренер на Милан

Пауло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Договорот на 51-годишниот специјалист е на три години.

Тренерот роден во Мозамбик, кој има и португалско државјанство, неодамна го водеше францускиот Лил. Тој го наследува Стефано Пиоли на клупата од „Сан Сиро“. Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал.

Во периодот 2019-2021 година беше на чело на Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор Доњецк. Тренерската кариера на Фонсека минува и преку Брага, Пакос Фереира, Порто и Алавес.