Форест има најлош старт на сезоната и покрај доаѓањето на Постекоглу

Менаџерот на Нотингем Форест, Анѓе Постекоглу ќе остане запишан во клупската историја. Имено, Постекоглу е првиот менаџер на Нотингем во последните 100 години кој нема победа на првите шест натпревари на клупата на „шумарите“.

Англискиот тим синоќа загуби од Митјиланд (2:3) во 2. коло од главната фаза на Лигата на Европа.

За Постекоглу, кој го замени Нуно Еспирито Санто како менаџер на Нотингем Форест, вчерашниот натпревар беше шести на клупата на тимот, во кои имаше само две ремија и дури четири порази.

Последниот пат вакво нешто со тренерите на Нотингем Форест се случило во 1925 година, кога Џон Бејнс не успеа да победи ниту еден натпревар во своите први седум натпревари.