Формула 1 трката во Монако под знак прашалник заради протестите во Франција

Одржувањето на трката за Големата награда на Монако може да биде под знак прашалник. Во Франција продолжуваат протестите во врска со усвојувањето на пензиската реформа, па во оваа насока, во земјата се одржуваат масовни протести и меѓу синдикатот CGT Energie, кој работи во енергетскиот сектор.

Меѓу овие акции, се очекуваат прекини на струја на големи настани како Ролан Гарос и Големата награда на Монако. Од CGT Energie истакнаа дека не ја исклучуваат можноста овие настани да „завршат во темница“.

CGT Energie веќе ја презеде одговорноста за прекините на електричната енергија на аеродромот во Монпеље и во училиштето во Еро кое го посети претседателот Макрон. Големата награда на Монако е закажана за 26-28 мај.