Форсберг две недели надвор од терените

Емил Форсберг ќе биде надвор од терените околу два месеци поради повреда на бутот.
Шведскиот играч беше заменет за време на натпреварот на Лајпциг против Арминија Билефилд (0-2).
„Играчот се пожали на болка во колкот, дополнителните тестови покажаа оштетување на левиот бутен мускул во пределот на колкот. Сега Емил ќе пропушти најмалку 8 недели“, објавија на официјалниот сајт на клубот.
Сезонава Емил Форсберг одигра 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања, шест пати постигна гол и двапати асистираше на своите соиграчи. Швеѓанецот настапува за германскиот клуб од 2015 година кога се пресели од Малме. По 17 кола Лајпциг со 22 бода е на 10. место во Бундеслигата. На 8 јануари, избраниците на Доменико Тедеско ќе гостуваат на Мајнц.