Фофана на чекор до потпис со Милан?

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Монако и француски репрезентатѕживец, Јусуф Фофана, пренесува „Газета дело Спорт“.

25-годишниот дефанзивен играч за врска блека во дресот на Монако и си обезбеди место во француската репрезентација па беше повикан на Европско првнство.

Тој влезе во последната година од договорот и изјави дека нема намера да го продолжи бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.

Последните информации се дека Фофана се договорил со Милан и двата клуба се во напредни преговори за трансферот.

Се очекува наскоро трансферот да биде договорен за сума од 14 милиони евра кои со бонуси можат да достигнат до 20 милиони евра.