Франк де Бур веќе не е селектор на Холандија
Холандија е во потрага на нов предводник, откако Франк Де Бур потврди дека добил отказ од националната федерација на „лалињата“ по елиминацијата на ЕУРО 2020.
Де Бур го наследи Роналд Куман, кој ја напушти селекторската позиција во Холандија на сметка на Барселона.
Холандија беше елиминирана од Чешка во осминафиналето на ЕУРО 2020 по што следуваа многу реакции од јавноста во земјата, па отказот е само природна последица од сето тоа.
„Нема да бидам повеќе селектор на Холандија, не ја исполнивме целта и тоа е јасно. За мене ова беше голема чест. Притисокот стана преголем, тоа не е здраво за мене и за репрезентацијата во пресрет на квалификациите за Мундијалот во Катар.“ – вели Де Бур.