„Франс фудбал“ ги смени регулативите во изборот за „Златна топка“
Францускиот „Л’Екип“ објави нови правила според кои „Франс Фудбал“ ќе ја доделува „Златната топка“ во иднина, почнувајќи од оваа сезона.
Лионел Меси за последен пат ја освои оваа награда, седми пат во кариерата, по што е убедливо прв. Што се однесува до измените, за време на изборите ќе се смета периодот од август до јули, односно сезоната, а не цела календарска година како досега.
Втората промена е што досега гласале новинари од 170 земји кои се членки на ФИФА, а отсега тоа ќе можат да го сторат само 100-те најдобро рангирани.
Третата, веројатно најважна промена е што веќе не се важни трофеите кои играчот ги освоил или не, туку само неговите индивидуални игри.