Франција без Дембеле до крајот на ЕУРО

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп остана без еден од клучните крилни напаѓачи. Се работи за Усман Дембеле, кој го повреди десното колено и го напушти кампот на репрезентацијата.

Според последната информација од Франција, станува збор за оштетување на тетивата и поради ова нема да може да игра фудбал во следните два месеци.

Ова значи дека Дембеле ќе ги пропушти и подготовките со Барселона. Напаѓачот, кој во последните две сезони се мачи со најразлични повреди, се најавуваше дека ова лето ќе ја менува клупската средина.