Франција постави рок од две недели за нов закон против хулиганизмот

Во Франција се одржа посебен состанок на кој се разговарало за проблемите со насилството на фудбалските стадиони во земјата од почетокот на сезоната. На него присуствуваа премиерот Жералд Дарманен, министерката за спорт Роксана Марасинеану, министерот за правда Ерик Дупон-Морети, како и претседателите на Фудбалската федерација и на професионалната лига, Ноел Ле Гра и Винсент Лабрун.

Овој состанок беше инициран по уште еден случај на насилство на мечот Лион – Марсеј, кој беше прекинат поради фрлено шише од трибините, удирајќи го фудбалерот на гостите Димитри Паје. После средбата е даден рок од 2 недели во кој мора да се предложат конкретни мерки за сузбивање на немирите на стадионите.

„Рокот е краток, но ние сме свесни за нашите одговорности“, изјави Винсент Лабрун за новинарите.

Меѓу мерките за кои се разговарало се и забраната за пристап до стадионите на проблематичните навивачи, дополнителни безбедносни мерки на стадионите, регистрирани персонализирани билети, како и автоматско прекинување на натпреварите на кои има насилство на трибините.