Французинот Гобер останува во Минесота до 2028 година
Руди Гобер го продолжи договорот со Минесота Тимбервулвс до 2028 година.
32-годишникот кој е „експерт за одбрана“ одби повисока понуда, сè со цел да добие подолг договор и да го продолжи стажот во НБА лигата.
Претходно Гобер имаше шанса да потпише едногодишен договор со Минесота вреден 46,6 милиони долари, но го одби тоа барајќи подолга соработка.
На крајот франшизата му понуди продолжување на договорот кој траеше до 2025 на уште три години, а во нив ќе заработи 110 милиони долари.