Французинот Кентан Мае потпиша за Рајн Некар Левен

Германскиот ракометен гигант Рајн Некар Левен потпиша едногодишен договор со францускиот ас Кентен Мае.
Мае настапуваше за Гумерсбах, Хамбург и Фленсбург, со кој во 2018 година ја освои титулата германски шампион.
Потоа шест сезони беше дел од Веспрем, а минатата сезона повторно го носеше дресот на Гумерсбах.
Во германската лига досега Мае одигра 328 натпревари и постигнал 941 гол, а со репрезентацијата на Франција освои две светски титули (2015 и 2017), европската круна во 2014 година и олимпиското злато на Игрите во Токио.