Французинот Конате одлучи да го замени РБ Лајпциг со Арсенал

Арсенал е последниот англиски клуб се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате.
За 21-годишниот Французин веќе одамна интерес покажуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата.
Имено, англиските медиуми тврдат дека Конате ќе биде примарна трансфер цел на „топџиите“ во летниот преоден рок.
Конате во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 45 милиони евра, а Арсенал наводно е спремен да ја плати таа сума и веќе стапил во контакт со неговиот агент.