Французинот Фис го освои турнирот во Барселона

Артур Фис го освои престижниот АТП 500 турнир во Барселона, откако во финалето го совлада Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6(2), по еден час и 40 минути игра.
Со овој успех, 21-годишниот Фис ја освои четвртата титула во кариерата, прва по 2024 година и прва по враќањето од тешката повреда.
Воедно, ова е и негов прв трофеј откако започна соработка со Горан Иванишевиќ.
Победата има и дополнителна симболика, бидејќи Фис успеа да му се реваншира на Рубљов, кој во полуфиналето го елиминира неговиот пријател Хамад Меџедовиќ.