Французите размислувааат за плеј-оф за шампионатот да не им биде здодевен

Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува „Лекип“.

Според познатиот весник, се разгледува можноста да воведе завршен турнир за титулата во првенството. На завршниот турнир би учествувале четирите најдобри екипи од регуларната сезона.

Во полуфиналето, првиот тим ќе игра против четвртиот тим, а вториот тим ќе игра против третиот тим. Победниците во завршниот меч би решавале за титулата.

Причината за ваквото размислување е фактот што ПСЖ доминира во Франција со години и е практично недопирлив за другите тимови. Новото правило можеби нема да ја прекине доминацијата на ПСЖ, но би го направил многу поинтересен финишот на сезоната.